Фото: илустрација / Јутјуб / AdzaRS / скриншот

Некои волови од Кривопаланечко не внимавале и навлегле во Бугарија – сега не се знае дали ќе куртулат

Бугарските институции не знаат што да прават со шест говеда, според извештаите сите волови, кои ја преминале границата меѓу Македонија и Бугарија пред неколку дена кај ќустендилското село Ѓуешево, објави Бугарското национално радио (БНР).

Говедата биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Засега не се знае дали овие волови се дел од малата „армија“ од говеда кои се пуштени слободно да се шетаат во околината од страна на несовесни сопственици.

Воловите биле забележани во атарот на селото Ѓуешево, а кметката на општината го пријавила случајот. Говедата биле заловени и однесени во привремен објект за сточарство.

Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

Пред речиси осум години, меѓународен инцидент предизвика една крава, позната како Пенка, која нелегално навлезе од Бугарија во Србија, а според европските прописи, требаше да биде успиена. Но, како што пишуваа тогаш медиумите, српските власти под силен дипломатски притисок одлучија да ја поштедат Пенка и да му ја вратат на стопанот во ќустендилското село Олтоманци.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот