Гостиварец баран со меѓународна потерница уапсен на преминот Ќафасан

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Според албанската полиција по Аднан Д.(47) потерница била распишана од италијанските власти кои го товарат за кривичните дела „структурирана криминална група” и „производство и продажба на наркотици”.

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница притворен е на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга.

Според албанската полиција по Аднан Д.(47) потерница била распишана од италијанските власти кои го товарат за кривичните дела „структурирана криминална група” и „производство и продажба на наркотици”.

– Службите на граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез во Република Албанија, овозможија апсење на Аднан Д. жител на Гостивар, Северна Македонија. Судот во Торино, Италија, му има изречено безбедносна мерка притвор, наведува полицијата.

Додава дека Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Рим, ги следи процедурите за екстрадиција на овој македонски државјанин во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот