Гостивар убедливо против чаирчани на простување со суперлигашката конкуренција
Славеа кошаркарите на Гостивар со високи (107:72), во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона против Чаир 2030. Играчите на Гостивар славеа за простување од своите фанови со натпреварувањето во „МТЕЛ“ Супер лигата.
Препорачано
По скоро изедначениот прв период во кој водеа со 21:19, гостиварци остварија целосна доминација во оние други три четвртини од мечот против екипата од Чаир. До полувремето, ја зголемија предноста на 42:31, а по три одиграни периоди, веќе беа на недостижно водство од 75:56.
Уште едно блескаво напаѓачко издание имаше Диксон, кој во последниот меч во сезоната постигна 39 поени, а имаше и 10 скокови и пет асистенции. Во екипата на Чаир 2030 доминираше Синани доминираше со 15 поени.
Во среда навечер, од 20.30 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“, ќе играат екипите на Феникс 2010 и МКК Куманово. А својот последен меч во оваа натпреварувачка сезона, во четврток, од 18.00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, ќе го одиграат екипите на Работнички и Ангели.
МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5.КОЛО
Гостивар – Чаир 2030 107:72
29. АПРИЛ (СРЕДА)
20.30: Феникс 2010 – МКК Куманово
30. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Работнички – Ангели
ТАБЕЛА
1.МКК Куманово (-1) 26 14 12 2140:2061 40
2.Чаир 2030 27 13 14 2184:2282 40
3.Работнички (-1) 26 11 15 2159:2123 37
4.Гостивар 27 9 18 2068:2156 36
5.Феникс 2010 (-1) 26 9 17 2049:2117 35
6.Ангели 26 (-1) 2 24 1666:2296 28


