Колаж фотографии од ЗОО Скопје

Посетители во Зоолошка му украле пола од подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во Скопје, објави дека посетители украле дел од подароците кои мајмунот Мики ги добил за првиот роденден, на прослава која ја организирале вработените.

„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!) – на мајмунот! Толку имам да кажам“, напиша Иванов на Фејсбук.

Иванов вели дека кражбата на подароците се случила кога вработени на кратко влегле во затворена просторија каде сечеле торта, а кога излегле надвор, виделе дека ги нема повеќето од подароците кои биле оставен пред живеалиштето на Мики.

„Евентот беше надвор и на неколку минути влегле внатре – кога излегле колегиве скоро ништо од поклоните не останале“, дополни Иванов.

Најавувајќи ја прославата за роденденот, од Зоолошката градина деновиве наведоа дека Мики е мајмун од видот гибон, а како бебе, на возраст од само неколку месеци, бил отфрлен од мајката и се соочил со сериозни повреди на главата, кои предизвикале епилептични напади.

„Во тие најкритични моменти, неговиот живот зависеше од човечка грижа, посветеност и борба. Нашата зоонегувателка Зера 24 часа дневно беше покрај него, со мала помош од колешките дадилки, без ниту еден момент да остане сам. Со многу љубов, трпение и стручна грижа, Мики денес е здраво, активно и разиграно младо гибонче“, објавија од Зоолошката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот