Гори на Ситонија, пожарот се гаси со 11 возила и 2 авиони
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики Атина, 8 септември 2019 (МИА) – Во централниот дел на Ситонија, на вториот крак на Халкидики, попладнево изби шумски пожар, во кој интервенираат 23 пожарникари со 11 возила и два авиони, jави дописничката на МИА од Атина.
Препорачано
Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума. Командирот на противпожарната служба на Халкидики е оптимист дека набргу пожарот ќе биде ставен под контрола.
– Потребна беше помош од два канадери, бидејќи жариштето е во непрооден дел. Оптимисти сме дека брзо ќе биде целосно ставен под контрола, вели командирот на противпожарна служба на Халкидики, Димитрис Карасавидис.
Карасавидис за информативниот портал „Халкидики њуз”. Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос”, вели дека во исто време на мала оддалеченост избиле два пожари и изрази сомнеж дека е подметнат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
54мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


