Гордана Јанкуловска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Јошевска

Гордана Јанкуловска / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска преку Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на која, според адвокатката, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците-мажи.

Јошевска Анастасовска вели дека на Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни за машките осуденици.

„Јанкуловска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот