Горан Костовски – Индог: Поткастот во Македонија е многу млад медиум и мислам дека е нешто што допрва ќе се развива (ВИДЕО)

Поткастот е медиум кој што зема огромен замав последниве години. Долго време слушам за поткасти и остана идејата дека сакам да правам поткаст. Пред 13 години бев на радио, но остана некако недокажано. Пандемијата направи процесот да го убрзам, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ„ графичкиот дизајнер и арт-директор Горан Костовски – Индог.

-Како што почна локдаунот, јас си го натемпирав времето и почнав да ги снимам поткастите. Соговорници ми се борци за позитивно делување врз луѓето. Покрај илустрации на дневна база, сакав и менталното здравје да го ставивме во фокус, бидејќи не беше лесно седењето дома, вели Костовски.

-Поткастот во Македонија е многу млад медиум и мислам дека е нешто што допрва ќе се развива. Јас во иднина ќе се фокусирам на алтернативната сцена. Во принцип тоа ќе биде позитивното, ментално здравје, додаде Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот