Чешка полиција /Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Голема полициска акција во Чешка: Уапсени фудбалери, судии и сопственици на клубови

Голем скандал ја тресе чешката фудбалска сцена откако полицијата започна широка акција насочена кон местење натпревари, при што веќе се приведени повеќе лица, а истрагата ќе продолжи и во наредниот период.

Според локалните медиуми, меѓу осомничените има фудбалери, судии, но и лица поврзани со водечките клубови во земјата. Акцијата се реализирала во координација со Европол, Интерпол и УЕФА, што укажува на сериозноста и обемот на случајот.

Паралелно со полициските активности, Фудбалскиот сојуз на Чешка одржа итна седница веднаш по објавувањето на информациите во јавноста. Претседателот Давид Трунда откри дека истрагата траела цели три години и е резултат на заедничка работа меѓу сојузот, полицијата и обвинителството.

Од Националниот центар за борба против организиран криминал информираат дека станува збор за комплексна операција.

„Нашите служби денес спроведуваат кривични постапки, а информациите ги добивме од Високото јавно обвинителство“, изјави портпаролот на институцијата.

Овој случај доаѓа во чувствителен момент, имајќи предвид дека Чешка е можен противник на Македонија во борбата за пласман на Светското првенство. Чесите ќе играат бараж против Република Ирска, а победникот од таа пресметка ќе се соочи со Македонија или Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот