Голема акција на Европол: Уапсени 92 криумчари на мигранти на балканската рута

Фото: Profimedia

Во акцијa на Европол, која била спроведена на 16 јануари во соработка со бугарските власти, биле уапсени 92 лица поврзани со организиран криминал и криумчарење мигранти на таканаречената балканска рута.

Заедничките операции се одржале низ Бугарија и се фокусирале на голем број мрежи кои криумчареле мигранти од Турција преку Бугарија во Србија, а потоа во Западна Европа, вклучително и Хрватска. Главните организатори на мрежите по оваа рута биле лоцирани во Бугарија, Србија и Турција и создале свои национални мрежи на членови одговорни за транспорт и сместување во нивните земји.

Главните начини на транспорт што ги користеле шверцерите биле комбиња, камперски возила и автобуси. Цените на комплетната шверцерска услуга во поголеми групи се движеле меѓу 2.000 и 3.000 евра по лице. Доколку мигрантите се шверцувале во помала група од пет-шест лица, исплатите достигнувале и до 10.000 евра. Плаќањата за целото патување би се вршеле откако главниот организатор од Турција потврдил дека мигрантите стигнале до бугарско-српската граница.

Бугарските власти објавија зголемена активност на криумчарење мигранти на нивната јужна граница. Во август 2022 година, инцидент во кој учествувал автобус кој превезувал мигранти доведе до смрт на двајца полицајци на должност. Подоцна истата година, еден бугарски граничен полицаец бил убиен за време на редовна патрола на границата со Турција. Овие инциденти укажуваат на зголемување и на шверцот и на насилството на инволвираните криминални мрежи.

На крајот на минатата година, Европол ја зголеми поддршката за бугарските власти со испраќање посветени аналитичари. На денот на операцијата, 16 јануари, Европол испрати експерти во Софија за да обезбедат аналитичка поддршка во реално време и вкрстена проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот