Гол маж влезе во олтарот во црквата „Свети Петар“ во Рим

принтскрин Твитер

Посетител на базиликата „Св. Петар“ во Рим се соблекол и се качил на олтарот на црквата, во чин за кој се претпоставува дека е протест против војната во Украина, соопшти неименуван извор од Ватикан.

Голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Неименуван извор тврди дека тој имал знаци на самонанесени повреди по телото, односно гребаници.

Стражарите на Ватикан го привеле неидентификуваниот маж и го предале на итаљанската полиција.

Инцидентот се случил вчера попладне непосредно пред затворањето на базиликата.
Неколку итаљански медиуми објавија фотографии од мажот направени од случајно затекнатите туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот