Ѓоковиќ во четвртфиналето на „Ролан Гарос“

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако го совлада Карен Хачанов од Русија со 6:4, 6:3 и 6:3.

Ова до сега беше најтешкиот испит за Србинот на грен слем турнирот во Париз (Франција), не беше така убедлив како во досегашните мечеви. Хачанов покажа зошто е моментно 16 играч на светот, но не можеше повеќе од 10 освоени гемови.

Инаку и на овој меч првиот светски рекет погоди линиски судија со топче во главата, но немаше никаков прекин, мечот продолжи без никакви проблеми.

Ноле со сигурност атакува кон вториот трофеј на овој турнир и 18 грен слем титула, а за пласман во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Пабло Карењо-Буста и Даниел Алтмајер.

Веќе се формирани три четвртфинални двојки во машка конкуренција: Андреј Рублев-Стефанос Циципас, Диего Шварцман-Доминик Тим и Јаник Синер-Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот