Ѓоковиќ против најавените мерки на „УС Опен“

twitter/ATP Tour

Србинот смета дека мерките на организаторите се екстремни, додека Рафаел Надал бара условите да бидат што е можно побезбедни.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се спротивстави на безбедносните мерки кои се најавени на претстојниот грен слем турнир „УС Опен“.

Србинот смета дека мерките на организаторите се екстремни, додека Рафаел Надал бара условите да бидат што е можно побезбедни.

Нема да можеме да одиме во Менхетен, ќе спиеме во аеродромските хотели и ќе бидеме тестирани два или три пати неделно – британскиот „Би-Би-Си“ ги пренесува зборовите на Ѓоковиќ.

Според странските медиуми, на Ноле му пречи особено одлуката дека само еден член од стручниот штаб може да го придружува играчот за време на турнирот.

Невозможно е. Мислам, ви треба тренер, но во исто време и фитнес тренер и физиотерапевт – додаде Ѓоковиќ.

Рафа, од друга страна, има поинакво мислење:

Доколку ме прашавте дали сакав да патувам во Њујорк и да играм тенис, ќе ви кажав дека одговорот е не. Сè додека турнирот не се организира под исклучително безбедни услови – вели Надал.

Тековната тениска сезона е стопирана до 31 јули, но сè уште не е официјално објавено кога ќе започне „УС Опен“. Планирано е да се организира во периодот од 31 август до 13 септември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот