Фото: EPA/MARK LYONS

Гоф ја предаде круната во Ријад: Сабаленка и Пегула во полуфиналето

Арина Сабаленка без пораз ја помина групната фаза на завршниот турнир на најдобрите осум тенисерки осум натпревари кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија.

Првиот светски рекет ја совлада Коко Гоф од САД (7:6, 6:2) во третото коло, која беше елиминирана од овој турнир по овој пораз, бидејќи ја заврши групата А на третото место.

Затоа, Американката нема да може да ја одбрани титулата што ја освои претходното издание.

Сабаленка во полуфиналето ќе игра против Аманда Анисимова (САД), која ја заврши групата Б.

Во Топ 4 е и Џесика Пегула од САД која претходно со 6:2 и 6:3 триумфираше над Јасмин Паолини од Италија.

За влез во финалето Пегула ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот