Годишниот концерт на „Битрикс“ ќе се одржи во МКЦ

„Битрикс“ се повеќекратни шампиони на локални, регионални, интернационални и светски натпревари. Тие се креатори на платформите „Битрикс Танцова лига“, „Битрикс спешлс“, „ВАДА – Виртуелна американска танцова академија“ со Амбасадата на САД, „Позитивен рефрен“ со „Europe House Skopje“, и други.

Креатори се на многу танцови претстави во мешани жанрови, меѓу кои и најуспешната „Тишина“, премиерно изведена во Националната опера и балет во 2018 година. Со истата претстава, а поддржани од УНИЦЕФ, патуваат низ 15 градови низ С Македонија.

На концертот ќе се претстават танчарите-членови на „Битрикс“ во изведба на танцови кореографии по хип-хоп, современ танц и денсхол, а во кореографија на: Елена Стојкоска, Надја Лукановска, Ива Георгиева, Михаела Дамчевска, Ана Ковачка, Теодора Ковачка, Мила Стојановска, Јана Лукровска, Никола Игновски и Ивана Балабанова.

Годишниот концерт на „Битрикс“ ќе се одржи на 27 јуни 2022, со почеток во 20 часот, во МКЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот