Година за паметење или за заборав? Кој по што ќе ја памети 2021 година

ликови
Фото: Приватна архива

Иако оваа 2021-ва беше општо земено за сите подеднакво стресна, сепак секој си ја доживеа и изживеа низ сопствената индивидуална призма.

Освен по тоа што сите ќе ја паметиме како година на пандемиско живеење, кои се оние спомени кои на некои од нашите јавни ликови ќе им останат врежани како лични отпечатоци од годината која изминува?

Тања Кокев

моден дизајнер

тања кокев
Фото: Приватна архива

Се случија многу работи, особено во однос на претходната година. Го отворив „Кокев“ на нова локација, а со тоа ја вратив и секојдневната гардероба, која ја створив со многу нова енергија. Додека ја работев, една соработка доби поинаква, емотивна димензија што ми ја одбележа годината. Со ќерка ми конечно го направивме чекорот да земеме едно преслатко, иако на моменти прегласно куче, кое ни ја смени и домашната средина.

Ребека Јанковска

пејачка

Ребека
Фото: Приватна архива

Оваа година беше страотно лоша за Македонија. Меѓу останатото, лицата со попреченост не ги слушна никој и повторно тоа беа само површни решенија набрзина донесени. На пример, 500 асистенти во училиштата со пет дена теоретска обука. На приватен план прошетавме повеќе од лани и бевме на одмор во Црна Гора. Прележавме ковид во октомври, вакцинирани сме и сѐ уште на секои две недели се разболуваме. Децата почнаа во училиште по гoдина и половина со физичко присуство и се разбира дека сме загрижени околу развојот на ситуацијата. Но сепак, да си посакаме посреќна Нова година.

Вера Мештеровиќ

модел, водител

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Годината 2021 ќе ја паметам по мојот нов проект, ангажман во Канал 5 телевизија во утринската програма „Здраво Македонијо“. Нова работа, нови колеги, телевизијата е магија, ниту еден ден не е ист, нови сознанија, нови предизвици. Со оглед на пандемијата која нѐ снајде сите, убав момент беше да можеме да одиме на море, враќањето на децата на училиште, славењето на родендени. За секоја Нова година имаме многу желби, очекувања, но она што постојано го посакувам е, пред сѐ, здравје, љубов, бериќет за моите најмили, а и да царува во сечиј дом. Само здрав човек може да дојде до посакуваната цел, сѐ се постигнува, сѐ е возможно!

Игор Марков

моден дизајнер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARKOV (@markov_style)

2021 година. Сѐ уште под облакот на актуелната пандемија, иако како да не е повеќе толку темен, и понатаму присутен. Уште една година, која имам чувство како да излета, сочинета од емоционални предизвици и блескави модни моменти. 2021 ќе ја паметам како и минатите – низ призмата на мојот моден свет, паралелен универзум од кој сум тотално обземен. Благодарен на привилигираноста што ја имам, да не работам – тука да го правам она што му дава смисла на мојот живот. Привилегија поткрепена од оние кои веруваат во мојот талент и посветеност. Почестен што МАРКОВ енторажот се збогати со нови членови, оние кои за првпат ја проширија својата колекција со МАРКОВ дизајн. Горд на себе знаејќи дека сѐ што создадов го направив посветено и верно на мојата модна визија и естетика. Гневен на себе за еден куп идеи кои останаа на хартија и чекаат да добијат физичка форма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот