Го научив Бред Пит да се бакнува, прекрасна работа! Глумицата открива детали од почетоците на холивудскиот заводник
Глумицата Елизабет Мекговерн е свесна дека Бред Пит им е сексапилен на многу жени ширум светот, како и дека во љубовните сцени одлично се снаоѓа, а сега вели дека токму таа го научила како да се бакнува и на тој начин влијаела на тоа каков маж ќе биде денес.
Препорачано

Заедно глумеле во филмот „Услуга“ од 1994 година, а во една сцена страсно се бакнуваат.
Елизабет на гостување кај пејачката Kели Кларксон се присети на жешката атмосфера за време на снимањето на филмот.
Прво Кларксон, преку предизвик наречен „Sip & Spill“, при што пијат и откриваат тајни, ја прашува Елизабет дали некогаш го бакнала Бред Пит, на што таа одговори дека „морала поради работата“.

„Kаква прекрасна работа! Постојат и поодвратни работи за зарабoтување за живот. Го направив човек каков што е денес, сè научи благодарение на мене“, вели Елизабет.

По улогата во тој филм, Бред беше две години во врска со Гвинет Палтроу, а Елизабет е во среќен брак со режисерот Симон Куртис, со кого има две ќерки.


