Го мамела мажот со водоинсталатерот, аферата е откриена на бизарен начин: Жалам, другар, ама ова мора да го видиш! – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Го мамела мажот со водоинсталатерот, аферата е откриена на бизарен начин: Жалам, другар, ама ова мора да го видиш!

Кога ги прегледал снимките од безбедносните камери, имал што да види.

Во англиските медиуми одекна приказна за Британецот, кој на снимката на надзорната камера видел дека неговиот водоинсталатер на неговиот кауч во дневната соба имал секс со жената на неговиот пријател.

Мајкл Вилијамс отишол на одмор со семејството, а на водоинсталатерот Вилсон му го оставил клучот од куќата за да заврши некои поправки.

Кога се вратил и кога ги прегледал снимките од безбедносните камери, имал што да види – водоинсталатерот во неговата куќа приредил приватна забава со својата љубовница, која била жена на негов пријател.

Тој веднаш му кажал на пријателот дека жена му го изневерува и му го покажал доказот.

„Жалам, другар, ама ова мора да го видиш. Жена ти имала секс со водоинсталатерот во мојата куќа“, му кажал.

Кога аферата била откриена, жената побеснела. Иако самата била виновна за распадот на нејзиниот брак, својот бес го насочила кон Вилијамс.

„Фала што ми го растури семејството!“, му напишала во порака откако сопругот ја обвинил за неверство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close