Го маѓепсала и Тито, а неговите луѓе ја труеле: Најубавата актерка денес живее во беда и сиромаштија

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Oliverakatarinaofficial

Една од најпознатите актерки и пејачки на поранешна Југославија, Оливера Катарина (83), наводно му се допаѓала и на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, пишува српски „Курир“.

Оливера Катарина и Тито/Фото: Принтскрин/Инстаграм/oliverakatarinaofficial

Родена е во март 1940 година во Белград како Оливера Петровиќ, а подоцна станала позната под имињата Оливера Катарина и Оливера Вучо. Дипломирала на Академијата за театар, филм, радио и телевизија и кариерата ја започнала глумејќи во театар. Гледачите можеле да ја видат во претставата „Коштана“, а потоа преминала на филмското платно.

Некои нејзините впечатливи улоги се во филмовите: „Сон“, „Поленова прашина“, „Дервишот и смртта“, „Собирање пердуви“… Драмата на Саша Петровиќ ѝ ја донесе и првата награда во Кан, а тогаш цел свет ја забележа поради нејзината убавина.

Имала 72 концерти во „Олимпија“ во Париз, а дискографските куќи се „тепале“ за неа, исто како и мажите, а во својата автобиографија опишала и како се запознала со Јосип Броз Тито. Тврдела дека Јованка ѝ е љубоморна и дека луѓето на Тито ја труеле.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Oliverakatarinaofficial

„Додека живеев таму, бев многу впечатлива поради мојата убавина и држење, а тоа беше многу опасно. Луѓето постојано ме „напаѓаа“. Сериозно ми се додворуваше црвенокос монарх чие име не можам да го откријам бидејќи тој сѐ уште е крал на една земја, но го одбив бидејќи бев вљубена во Милан Галет Мушкатировиќ, мојата прва голема љубов, познат голман на ватерполо“, раскажала таа еднаш за својот живот во Париз.

Кога раскинала со Мушкатировиќ се омажила за режисерот Вук Вучо и биле во брак две години. По него, таа била седум години во врска со Ратко Дражевиќ, а потоа влегла во втор брак со потпретседателот на Белград, Миладин Шакиќ, со кого го добила синот Манет.

Оливера Катарина и Џина Лолобриџида/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Oliverakatarinaofficial

„Првпат го запознав Тито кога ја снимав ‘Нишка бања’. Одеднаш слушнав дека Тито е во студиото, а тој седна пред камерата и ме гледаше. Го отпушти камерманот за да ме снима самиот. Вторпат беше кога со сопругот Миладин Шакиќ чекав Нова година. Ни пријде Милан Вукос и рече дека Тито сака да му пеам. Тука не можеше да се каже ‘не’“, се присетила таа.

„Секогаш убаво реагираше кога пеев и му се допаѓав како појава. Еднаш кога се појавив, Јованка го турна и му рече: ‘Еве ти ја’. Тоа го слушнав. Можеби беше љубоморна, тој се гледаше себеси како женкар. Беше вистински маж, тоа е сигурно“, додала таа.

Се случила и нивната трета средба, но не поминала баш најдобро.

„Малтретирањето што го доживеав таму не беше ниту поради филмот. Ме поканија да му пеам на Тара и ќе одбиев да не бев мажена, но не сакав вака да му правам проблеми на мојот сопруг. Таму почна невидено малтретирање, немаше кој не ме слушна, разни служби: хрватски, федерална СУП, републичка, воена и сите влечеа на своја страна. Вежбав со трубачите од рано сабајле додека не зарипнав. Одеднаш доаѓа Тито, а го нема оркестарот. Во таа толпа, ми пријдоа луѓе во цивил и ми рекоа да одам позади. Не беше прашање на учтивост, беа многу груби. А тогаш овие луѓе ми пријдоа одзади и ми викаа да излезам и да пеам пред Тито, но тоа некако помина“, напишала таа.

Оливера Катарина на Филмскиот фестивал во Кан/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Oliverakatarinaofficial

Тврдела и дека ја отрул еден од луѓето на Тито.

„Таму се отрув. Ми дадоа нешто од што добив чирови во устата. Грлото, устата, сè беше во рани. Ме хранеа капка по капка. Не знам кој точно ме отру”, рекла таа.

Пред неколку години Оливера признала дека е една од најосамените жени во Србија и дека не била со никого повеќе од 20 години. Српските медиуми уште во 2017 година пишуваа дека таа живее во сиромаштија. Таа наводно живеела во изнајмен стан во Белград и го продавала мебелот за да ги плати сметките. Не успеала да добие национална пензија, секој пат ја одбивале.

Оливера Катарина/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Oliverakatarinaofficial

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот