Го имаат третиот најголем долг во светот по Јапонија и Грција: Протести против мерките за штедење

Фото: Профимедиа/Илустрација

Стотици луѓе излегоа на улиците на Бејрут, осудувајќи ја се потешката економска ситуација во Либан. Власта во земјата воведе мерки за штедење за да се намали буџетскиот дефицит, објави „Б92“.

Граѓаните се собраа пред седиштето на владата каде се регистрирани мали инциденти меѓу полицијата и демонстрантите кои се обидувале да го пробијат полицискиот кордон.

Пред владата, околу 500 луѓе со либански знамиња, скандира „Револуција“, „Владата и парламентот се крадци“ и „Народот сака режимот да падне“.

Изминатите години економијата во Либан забележа голем пад, со раст од само 0,2 отсто во 2018 година, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Либанскиот парламент во јули го усвои буџетот за штедење за 2019 година, за да се намали јавниот дефицит.

Јавниот долг на земјата изнесува 86 милијарди долари, односно повеќе од 150 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Тоа е третиот најголем долг на светот по Јапонија и Грција.

Либанските медиуми пренесо дека банките и менувачниците овие денови ја ограничуваат продажбата на долари, поради стравувања за пад на девизните резерви, додека гувернерот на Централната банка Ријад Саламех демантираше дека Либан се соочува со доларска криза, додавајќи дека доларот е достапен на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот