Главниот обвинител на МКС привремено се повлекува поради обвинувања за сексуално вознемирување
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, ќе оди на привремено административно отсуство додека не се објави исходот од истрагата за наводно сексуално вознемирување против него.
Препорачано
Како што пишува „Ерусалим пост“, Кан денеска „ја објавил својата одлука да земе отсуство“ до крајот на истрагата спроведена од Канцеларијата за внатрешни надзорни служби, телото за внатрешен надзор на Обединети нации.
Кан ги негира обвинувањата дека повеќе од една година се обидувал да ја присили асистентката на сексуални односи и дека ја допирал против нејзина волја.
Минатата година, истрага откри дека двајца судски службеници на кои наводната жртва им се доверила, го изнеле обвинението против Кан во мај.
Тоа наводно се случило неколку недели пред Кан да побара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тогашниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас под обвинение за воени злосторства.
Санкции од САД за Карим Кан, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд
Во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против Кан поради налозите за апсење од МКС против израелски функционери, а тие санкции ја попречуваат работата на широк спектар на истраги во судот.
– Додека Кан е на отсуство, заменик-обвинителите на судот ќе бидат задолжени за управување со канцеларијата на обвинителот – соопштија од МКС.


