Карим Кан / Фото EPA-EFE/Miguel Gutierrez

Санкции од САД за Карим Кан, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан е првата личност која е засегната од економските и визните санкции наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп против судот поради истрага за воени злосторства од американски граѓани или американски сојузници, соопшти Белата куќа.

Кан беше наведен во анекс на извршната наредба вчера што Трамп ја потпиша минатата недела.

Санкциите, кои Трамп, исто така, ги воведе за време на неговиот прв мандат, вклучуваат замрзнување на американските средства и забрана за патување во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот