Фото МИА

Ѓуров: За да функционира дијалогот меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС не треба да има ултиматуми и закани

За да профункционира дијалогот меѓу двете политички сили, кои очигледно немаат меѓусебна доверба, тој треба да биде конструктивен и да се избегнуваат ултиматуми и закани.

Ова пред новинарите во ходниците на Парламентот го изјави Андреј Ѓуров, пратеник на партијата „Продолжуваме со промените“ – „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), кој ги коментираше разговорите што ги водела неговата партија со претставниците на ГЕРБ-СДС и можностите за евентуално формирање на политичка влада.

„Овие разговори ги водам отворено, пред сите. Барам работно решение. Истовремено, за да функционира овој дијалог меѓу две политички сили, кои очигледно немаат меѓусебна доверба, тој треба да биде конструктивен и да не се поставуваат ултиматуми и закани. Работам на најбрз можен начин. Во моментот кога ќе имаме подготвена програма за управување и состав на Министерски совет кој може да ја исполни оваа програма за управување, ние ќе ви ја презентираме. Дали тоа ќе се случи во недела, понеделник или вторник, не зависи од датумите што ги постави господинот Бојко Борисов, туку од тоа да си ја завршам работата отворено и јасно за целите што си ги поставивме“, коментира Ѓуров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот