Ѓорѓиевски: Стотици вработени се отпуштени од скопските јавни претпријатија – земале плата, а не оделе на работа
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека од јавните претпријатија во главниот град веднаш се отпуштени дури 371 работник, кои, според Ѓорѓиевски, со години примале плата без да доаѓаат на работа.
Препорачано
„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој веќе најави дека ќе се спроведе темелна ревизија на јавните претпријатија, при што е утврдено дека над 800 вработени навистина извршувале работни задачи, додека останатите биле фиктивно пријавени.
„Овде имате над 800 работници од јавните претпријатија кои редовно оделе на работа. Но, имате и такви кои со месеци, па и години, земале плата без да се појават. На тоа му дојде крај,“ рече Ѓорѓиевски.
ВИДЕО/ФОТО: Скопските комуналци се собраа кај „Борис Трајковски“, почнува тридневната „генералка“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


