Ѓоковиќ се доближува до светскиот рекорд на Штефи Граф

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 333 недела на врвот на АТП ранг листата.

Така ја престигна Мартина Навратилова на второто место на вечната листа кога се погледнат АТП и ВТА заедно.

Пред Ѓоковиќ е само уште една тенисерка, Штефи Граф, која помина 377 недели на врвот.

Што се однесува до актуелната АТП листа, зад Ѓоковиќ е Данил Медведев, од кого српскиот тенисер има 1.893 поени повеќе. Следуваат Рафаел Надал и Стефанос Циципас, а првата петорка ја заокружува Александар Зверев кој го освои олимпиското злато во Токио.

АТП листа:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 12,113 поени
2. Данил Медведев (Русија) 10,220
3. Рафаел Надал (Шпанија) 8,270
4. Стефанос Циципас (Грција) 8,000
5. Александар Зверев (Германија) 7.340
6. Доминик Тим (Австрија) 7,095
7. Андреј Рубљов (Русија) 6,005
8. Матео Беретини (Италија) 5,488
9. Рожер Федерер (Швајцарија) 4,215
10. Денис Шаповалов (Канада) 3,625

Имам чувство дека Ѓоковиќ на крајот ќе се радува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот