Имам чувство дека Ѓоковиќ на крајот ќе се радува

EPA-EFE/BRIAN HIRSCHFELD

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка истакна дека Новак Ѓоковиќ заедно со Рафаел Надал и Рожер Федерер ги поместија границите на тенисот.

– Не очекувате еден тенисер да биде подготвен да ги освои сите четири грен слем турнири, но тоа што ни го прикажаа Новак, Рожер и Рафа во овие 15 години е неверојатно. Тие ги поместуваат границите, во смисол на тоа колку добро може да играте – вели Вавринка кој смета дека Ѓоковиќ највеќе напредуваше од големата тројка.
– Новак отиде многу подалеку во последните неколку години. Неговата игра е нешто посебно.

Според швајцарскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ има изгледни шанси да триумфира на УС Опен и со тоа да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој успеал да победи на сите четири грен слем турнири во една година.

– Тешко е да се каже кој ќе победи. Имам чувство дека Новак ќе триумфира поради начинот на кој игра, како ги решава дуелите и поради тоа што секогаш наоѓа начин како да победи. Имам чувство дека Новак ќе биде тој што ќе победи – вели Вавринка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот