Ѓоковиќ го откажа настапот, нема да се појави на турнирот во Мадрид
Новак Ѓоковиќ сепак нема да настапи на турнирот во Мадрид, иако претходно го најави своето учество. Српскиот тенисер сега се повлече поради повреда, а информацијата ја потврди и самиот тенисер.
Препорачано
Поранешниот светски број еден последен пат настапи на Индијан Велс во март, а го пропушти турнирот во Мајами подоцна истиот месец поради повреда на десното рамо.
Ѓоковиќ е трикратен шампион во Мадрид, каде што последен пат го освои трофејот во 2019 година.
„Мадрид, за жал нема да можам да настапам оваа година. Продолжувам со закрепнувањето за да се вратам што поскоро. Се гледаме наскоро!“, објави Новак на социјалните мрежи.
Според АТП статистиката, неговиот скор сезонава е 7-2, вклучувајќи го и пласманот во финалето на Австралија опен.
Рекордерот со 40 титули од серијата Мастерс 1000 следно би требало да настапи на турнирот во Рим кој ќе се одржи од 6 до 17 мај.
Madrid, unfortunately I won’t be able to compete @MutuaMadridOpen this year. I’m continuing my recovery in order to be back soon. Hasta pronto!
— Novak Djokovic (@DjokerNole) April 17, 2026
Се пензионираше братот на Енди Мареј, еден од најдобрите британски тенисери во двојки


