Гитарите на Клептон и Кобејн на аукција: Се очекува да достигнат цена од 2 милиони долари

Ерик Клептон и Курт Кобејн Фото: Epa / Profimedia

Две гитари на кои свиреле легендарните Ерик Клептон и Курт Кобејн ќе бидат изложени на аукција овој ноември во Нешвил, а би можеле да достигнат цена до 2 милиони долари за секоја посебно, пишува „Ројтерс“.

Психоделично насликаната гитара „Д фул“ („The Fool“) на Клептон е позната по својот уникатен звук. Џорџ Харисон од Битлси му ја дал на Клептон откако му била украдена неговата гитарата.

„Тој ја искористи гитарата за да создаде многу специфичен звук, што денешните гитаристи сè уште се обидуваат да го добијат по 50 години“, вели Мартин Нолан, основач на „Џулиен окшнс“.

Втората гитара му припаѓа на Курт Кобејн. Тоа е „СкајСтенг 1“(„SkyStang I“) со која Кобејн го свиреше неговиот последен јавен настап како дел од „Ин Утеро“, концертната турнеја на „Нирвана“.

„Таа е опишана како негов ‘коњ’ , бидејќи честопати ја користеше на турнеите. Гитарата сè уште ги има истите жици, дури и црната лента што го покрива името на брендот „Фендер“, бидејќи Курт мразеше корпоративно спонзорство и корпоративно брендирање“, објасни Нолан.

На аукцијата ќе бидат понудени и други предмети кои му припаѓале на Кобејн, вклучувајќи го неговиот џемпер, панталони и кутија цигари. Ова се сите предмети што ги оставил кога се пријавил на рехабилитација.

Дел од приходите од продажбата на гитарата ќе бидат наменети за иницијатива за ментално здравје наречена „Кикинг д стигма“ („Kicking the Stigma“).

На оваа аукција под насловот „Играни, носени и искинати: рокенрол легендарни гитари и сувенири“, која ќе се одржи од 16 до 18 ноември во кафулето Хард Рок во Нешвил, ќе бидат понудени повеќе од 1.000 предмети.

Меѓу нив ќе бидат и корсетот што Ејми Вајнхаус го носеше на доделувањето на Британските музички награди, накитот што им припаѓаше на Принц и Елвис Присли и предмети од наследството на Френк Запа, вклучувајќи ја и првата гитара што тој ја купи.

Трагичната судбина на Ерик Клептон: Болката за загубениот син никогаш нема да престане

Гитарата која ја искрши Курт Кобејн, продадена за 600.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот