Гитара на познатиот бенд „Foo Fighters“ оди на аукција: Се очекува да достигне цена до 35.500 долари

Дејв Грол
Дејв Грол / Фото: EPA-EFE/MARCELO SAYAO

Гитарата на која свиреше Дејв Грол во еден од првите музички спотови на „Foo Fighters“ ќе биде понудена на продажба.

Гитарата „Gretsch White Falcon“ на која Грол свиреше во музичкото видео од 1997 година за песната „Monkey Wrench“, првично била во сопственост на американскиот гитарист Пет Смир. Често се користела на нивниот втор албум „The Color And The Shape“ објавен таа година.

Се очекува да достигне цена помеѓу 17.750 и 35.500 долари кога ќе биде понудена на аукција од специјализираните музички аукционери „Gardnier Houlgate“ со седиште во Вилтшир на 7 септември.

Гитарата се продава со полароид фотографија направена од Смир од холивудската актерка Дру Баримор како свири на неа.

„Ова е многу интересна гитара бидејќи е една од ретките во сопственост на „Foo Fighters“, веројатно најголемиот рок бенд на Земјата во моментот, што некогаш излезе на јавна аукција“, посочи аукционерот Лук Хобс.

„Monkey Wrench“ беше пробивниот сингл на бендот, а воедно и првиот на кој се појави тапанарот Тејлор Хокинс, кој трагично почина во март оваа година.

„Очекувам интерес од целиот свет. Фактот што се појавува во иконското видео на бендот „Monkey Wrench“ ја прави најпривлечна за колекционерите и обожавателите“, додаде Хобс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот