Гигантот од Волстрит „Морган Стенли“ забрани влез за невакцинирани луѓе

Гигантот од Волстрит, „Морган Стенли“, ќе им забрани на вработените и клиентите кои не биле целосно вакцинирани против ковид-19 да влегуваат во нивните канцеларии во Њујорк, изјави извор запознат со ситуацијата.

Невакцинираните работници ќе мора да работат од дома, објави Би-Би-Си.

Оваа политика на банката ќе стапи на сила следниот месец, а целта е да се овозможи укинување на другите мерки поврзани со ковид-19.

Минатата недела директорот на банката ги повика вработените да се вратат во своите канцеларии, а во внатрешниот меморандум се наведува дека од 12 јули сите ќе мора да бидат целосно вакцинирани за да влезат во зградите „Морган Стенли“ во Њујорк и Вестчестер.

Овој потег ќе овозможи да се укине задолжителното носење маски во канцелариите и одржување на физичко растојание во банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот