Ги собори сите модни рекорди: Фустан на принцезата Дијана е продаден за повеќе од милион долари на аукција

Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia//Julien’s Auctions / Ferrari / Profimedia

Фустан кој го носела Дијана, принцезата од Велс, во 1985 година ги собори сите модни рекорди кога на аукција во Холивуд достигна 11 пати повеќе од неговата проценета вредност.

Цената на црниот вечерен фустан од кадифе надмина еден милион долари на аукцијата на „Џулиен“ (Julien’s Auctions), односно бил продаден за 1.148.080 долари. Претходно, експертите процениле дека фустанот, заедно со придружната илустрација, ќе достигне цена од 100.000 долари.

Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Фустанот се продал во комплет со влошки за раменици, сино балеринско здолниште и панделка. Тоа е фустанот на принцезата Дијана, кој ја достигна највисоката цена досега на аукција, пишува „Индепендент“.

Дијана го облекла фустанот за првпат во Италија во 1985 година.
Претходниот рекорд го држи нејзиниот фустан со боја на модар патлиџан, кој во јануари беше продаден во аукциската куќа „Сотби“ за 604.800 долари по „жестоко наддавање“. Тоа значи дека фустанот на Дијана од Жак Азагури се продал за речиси двојно поголема цена.

Дијана првпат го носела фустанот во Италија во 1985 година за време на кралската турнеја со нејзиниот тогашен сопруг Чарлс, принцот од Велс. Таа повторно го носела во 1986 година на концерт на симфонискиот оркестар во Ванкувер.

Истиот мароканско-британски дизајнер Жак Азагури, ја креирал и нејзината венчаница во 1981 година. Балеринското здолниште, како додаток на вечерниот фустан, било во чест на англискиот национален балет, чиј покровител беше Дијана.

Фото: Julien’s Auctions / Ferrari / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот