Ги сметаа за непријатели, но Џејла Рамовиќ конечно откри каква порака доби од Марија Шерифовиќ за роденденот!

Instagram

За односот на Џејла Рамовиќ и пејачката Марија Шерифовиќ многу се шпекулираше, а многумина ги интересира дали тие се слушнале за роденденот на Џејла.

Џејла Рамовиќ пред неколку дена во семејно опкружување и домашна изолација го прослави полнолетството, а како што вели таа, откако наполнила 18 години не се промениле многу работи.

„Ништо посебно не се смени. Можеби ќе почувствував нешто поинакво во друга ситуација, а вака со 17 години дома, па утре со 18 години пак дома. Кога ќе се каже „имам 18 години“ звучи вау, но всушност се е исто. Започнав со часови возење, тоа е новото нешто“, открила пејачката, пренесува Glossy.rs.

На прашањерто дали ѝ значи што сега може да влезе во секој клуб што ќе посака и да купи алкохол, таа вели:

„Јас често се шегував: Не можам да влезам во клуб, но можам да пеам. Така што, тука нема да има некои промени. Алкохол нема да купувам, бидејќи не пијам“, истакна Џејла.

За нејзиниот однос со некогашната менторка од „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ, се шпекулираше откако Марија ја отследи Џејла од Инстаграм. Како што наведе тогаш, Марија тоа го направила за да се посвети на другите кандидати, а Џејла после тоа откри нови детали – дека нивниот однос не е нарушен, со Марија се уште соработува, а сега многумина ги интересираше дали добила роденденска честитка.

View this post on Instagram

?

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic) on

„Секако дека ми честиташе. Ми посака здравје и среќа, тоа е најважно. Многу пораки ми стигнаа за роденденот, се потрудив на сите да одговорам. Среќна сум и горда што толку луѓе ми се јавија и ми подарија внимание на мојот роденден“, рекла младата пејачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот