Гевгелија ќе добие зграда со 52 социјални станови до март следната година

Фото: МИА

Социјалната зграда со 52 стана што се гради во Гевгелија се очекува да биде завршена и пред рокот – март 2022 година, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните работи.

Тој потенцираше дека станува збор за инвестиција во износ од 80 милиони денари и оти работите се одвиваат со одлична динамика.

За ваков тип проекти, како што рече, Министерството за транспорт има предвидено преку 130 милиони денари. Очекува да ги реализираат сите во текот на оваа буџетска година.

-Посакувам ваквите објекти да бидат навистина корисни за граѓаните. Знам дека ќе решиме многу прашања на наши семејства, на наши сограѓани на коишто им е потребно ваква поддршка и сместување и заради тоа реализираме голем дел на станбени единици. Во моментов некаде  околу 600 станбени единции за социјално ранливи семејства и категории, се реализираат на територијата на целата држава. Продолжуваме со исто така посилна динамика и на изградбата во другите градови, изјави Бочварски.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски најави дека наредната недела ќе стартува изградбата и на социјалната зграда во Велес и ќе се заокружи тендерот за  планираната зграда во Пехчево.

-Сите набавки што ги предвидовме очекувам дека ќе ги завршиме со мало задоцнување најдоцна до март. Силно сме посветени на изградба на вакви објекти и очекувам по завршувување на проектот за сите овие социјални згради во март годинава, да  разговараме со банката која го финансира овој проект, изјави Трајковски.

Тој повтори дека се во преговори за финансирање нов проект за социјални згради, а очекува да биде објавен најдоцна до средината на годинава.

Како што информираше Бочварски, за развој на општините е особено значаен проектот за гасификацијата. Информираше дека за кракот од Неготино до Гевгелија се очекува одбрение за градење во текот на летото, а тендер за изградба до крајот на годината. Тоа, посочи, е уште еден чекор кон поврзување со интерконекторот со Грција.

Го потенцираше и заедничкиот проект на општините Гевгелија и Кавадарци што го одобрило Министерството за транспорт и врски во вредност од над четири милиони евра.

Со проектот за кој се очекува општината да распише тендер следниот месец, според Бочварски, ќе бидат решени големи и значајни прашања во делот на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот