Фото: EPA/Piotr Nowak

Германски економист трипати погоди кој ќе биде светски шампион — сега предвидува изненадување

Германскиот економист Јоаким Клемент, чиј модел точно ги предвиде победниците на последните три светски фудбалски првенства, објави нова прогноза за претстојниот Мундијал што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Според неговата формула, Холандија би требало годинава да ја освои титулата. Моделот на Клемент претходно го предвиде триумфот на Германија во 2014 година, Франција во 2018 година и Аргентина во 2022 година, а сега изненади избирајќи тим кој никогаш не бил светски шампион.

– Бев малку изненаден кога мојот модел и симулациите покажаа дека Холандија ќе победи“, изјави Клемент за SBS Dutch.

Холандија ќе игра во група со Јапонија, Шведска и Тунис на Светското првенство, а според прогнозата на Клемент, треба да ги елиминира Мароко, Канада, Франција и Шпанија во нокаут фазата пред финалето со Португалија.

– Симулацијата покажа дека Холандија има многу тежок пат до финалето – додаде Клемент.

Неговиот модел зема предвид пет фактори: БДП по глава на жител, население, температура на воздухот, рангирање на ФИФА и предност на домашниот терен.

Холанѓаните играа трипати во финалето на Мундијалите – во 1974, 1978 и 2010 година, но никогаш не ја освоија титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот