Германската левица порачува: Откажете ги вежбите на НАТО, ќе ги навредите Русите

Распоредувањето на силите на НАТО на руската граница во рамките на воената вежба „Бранител на Европа 2020“ може да го навреди рускиот народ, предупредија пратениците во Бундестагот.

Во обраќање пред федералната влада на Германија, пратениците на „Левицата“ наведоа дека жителите на Русија и другите постсоветски држави, се потомци на луѓе кои го дале најголемиот придонес во борбата против фашизмот за време на Втората светска војна, пренесува „Спутник“.

-НАТО недоговорно си игра со воената стабилност на Европа, пред одбележувањето на 75-годишнината на влезот на Црвената армија во Берлин и победата над фашизмот на Адолф Хитлер, а тоа е навреда за руските жители и многу луѓе во земјте на поранешниот Советски Сојуз – се наведува во обраќањето.

Според мислењето на пратениците, германската влада треба да извлече закучоци од историјата и да направи чекор кон постигнување на взаемно разбирање и намалување на напнатоста.

За време на претстојните воени вежби на НАТО „Бранител на Европа 2020“, ќе учествуваат околу 37.000 војници од разни земји-членки на Алијансата.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека тоа ќе биде „најголемото распоредување на американските трупи во Европа во последните 25 години“. Вежбите ќе траат од февруари до јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот