Германската амбасадорка Холштајн замина од земјава: Довидување, ќе ми недостасуваат добрите луѓе

Н.Е. Анке Холштајн, амбасадор на СР Германија во РСМ/Фото: Германска амбасада

Германската амбасадорка Анке Холштајн замина од земјава. Таа на својот Твитер профил вчера напиша порака со збогување во која истакна дека таа ја напушта Северна Македонија по две и пол години минати во земјава.

– Ќе ми недостасува одличниот тим, гостопримливите луѓе и прекрасните пејсажи и предели. Многу пријателства ќе останат. Горда сум на македонско – германски односи.  Со нетрпение ги очекувам новите предизцици во Москва. Пријатно! – напиша на својот Твитер профил германската амбасадорка во заминување Анке Холштајн.

Германската амбасадорка неодамна на прошталната средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Германија и понатаму силно и одлучно ќе ја поддржува европската иднина на Северна Македонија

Од Министерството за надворешни работи (МНР) во тој контекст пак соопшти дека таа остварила средба со министерот Бујар Османи, кој ѝ се заблагодарил за нејзиниот досегашен ангажман и придонес за развој на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот