Андреас Ритнер и Јасмин Шмит веќе имаат два пара близнаци, момчиња и девојчиња/Фото: Daniel Löb/dpa

Германска двојка очекува трет пар близнаци, а трудницата има и три деца од претходниот брак

Андреас Ритнер и Јасмин Шмит веќе имаат два пара близнаци, момчиња и девојчиња. Јасмин е повторно бремена и повторно чека близнаци, пишува ДПА.

Двојката од Фирт во Баварија прво доби близнаци, а потоа близначки. Сега Јасмин Шмит и нејзиниот свршеник Андреас Ритнер очекуваат уште еден пар близнаци.

„Повеќе не ме изненадува“, рекла 36-годишната Јасмин за ДПА.

Третиот пар близнаци го очекуваат на почетокот на јуни.

Притоа таа има и три деца од претходниот брак. Со Андреас ги добила Даниел и Емилија во 2023 година, а една година подоцна девојчињата Симоне и Анастасија.

„Кога Јасмин ми рече за новата бременост, не ни помислив дека ќе биде само едно дете“, рекол Андреас.

Германското здружение на гинеколози и акушери наведува дека бременостите со близнаци станале почести во последниве години поради сè почестата терапија против стерилитет. Минатата година, 1,5 проценти од раѓањата биле близнаци.

Меѓутоа, Јасмин Шмит не одела на никаква терапија, а уште поневеројатно е што сега е во својата трета бременост со близнаци.

Докторката Ања Форстер од болницата во Фирт вели дека кај некои жени повеќе јајце-клетки созреваат истовремено.

Јасмин се чувствува добро, но сепак прима инфузија со железо двапати неделно.

„Третата близначка бременост носи физиолошки ризици“, рекла Форстер.

Шмит и Ритнер имаат бурен период пред себе. Пред доаѓањето на третиот пар близнаци на свет, тие планираат да се венчаат и да најдат поголем стан.

Тој вели дека очекува да има полни раце работа, но и многу забава со децата и дека сè е „дефинитивно прекрасно“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот