Авганистанците го напуштаат Кабул/ Фото EPA-EFE/Sgt. Samuel Ruiz / US Marine Corps via DVIDS / HANDOUT Released

Германија им нуди пари на Авганистанци ако се откажат од правото на влез во земјата

Германската влада им понуди парична компензација и друга помош на Авганистанците на кои првично им беше ветено прифаќање во земјата, доколку доброволно се откажат од тоа право. Министерството за внатрешни работи признава дека не може да гарантира дека програмата за прифаќање од Авганистан ќе биде завршена до крајот на годината, па како алтернатива ја понуди оваа необична мерка, пишува германскиот весник „Фокус“.

Понудата, содржана во писмо на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ), се однесува на околу 660 лица кои моментално се наоѓаат во Пакистан и се соочуваат со можност за депортација. Ако ја прифатат понудата, тие ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.

Самохраните жени би добиле вкупно 6.500 евра, а семејствата и повисоки износи, како поддршка за враќање во Авганистан или евентуално во трета земја, но само по посебна проверка. Освен финансиска помош, програмата вклучува и медицинска грижа, три месеци сместување и психосоцијална поддршка.

Хуманитарните организации ја осудија понудата. Портпаролката на „Кабул Луфтбрике“, Ева Бајер, изјави дека сумата е недоволна и дека враќањето во Авганистан носи сериозни ризици, бидејќи многумина побегнале токму од талибанскиот режим.

„Не сакам пари ниту храна. Сакам безбедност. Не можам да се вратам,“ изјавил еден од Авганистанците.

Во меѓувреме, само мал број од прифатените успеале да стигнат до Германија – седум семејства со 31 лице пристигнаа во Хановер по судска одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот