Германија ќе регрутира војници преку „ТикТок“

Германија ; германски војник, германски војници, германска војска, германска армија,
Германски војник / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Германската армија планира да го користи ТикТок за регрутирање нови припадници на вооружените сили, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата.

„За да се натпреваруваме со најдобрите умови, употребата на ТикТок е апсолутно императив“, рече портпаролката на германското МО. За таа цел, на крајот на овој месец, одборите за вработување во Германија почнуваат да спроведуваат нов пристап базиран на апликации, користејќи специјално развиена програма.

Според портпаролката, која ДПА не ја именува, „од суштинско значење е Бундесверот да допре до младите луѓе на место каде што ќе можат дигитално да добијат информации и да разменуваат идеи “.

Таа додаде дека припадниците на службата ќе можат слободно да пристапуваат до социјалните платформи се додека го прават тоа додека се на одмор, од сопствени средства и не откриваат воени тајни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот