Германија ги враќа бронзените статуи во Африка

Статуи во музеј/ Фото ROMUALD MEIGNEUX / Sipa Press / Profimedia

Германија потпиша договор за враќање на бронзени предмети кои се во сопственост на Нигерија на Бенин, меѓу кои спаѓаат и најзначајните културни артефакти во Африка кои биле00 „ограбени“ во 19 век, пренесува „Ројтерс“.

Британските војници зеле стотици бронзи – сложени скулптури и плакети кои датираат од 13 век – кога го нападнале Кралството Бенин, лоцирано во денешна југозападна Нигерија, во 1897 година.

Артефактите завршиле во музеите низ Европа и САД. Африканските земји со години се бореа да ги вратат назад во нивните музеи.

Германија ја врати првата од скулптурите во Нигерија во јули.

Фондацијата за пруско културно наследство (СПК) и Националната комисија за музеи и споменици на Нигерија (НЦММ) потпишаа договор за пренесување на нивната сопственост од колекцијата на Етнолошкиот музеј во Берлин во Нигерија.

Договорот, кој СПК го опиша како досега најголемо пренесување на музејски артефакти од колонијален контекст, опфаќа 512 предмети кои завршиле во Берлин по грабежот во 1897 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот