Германците сакаат Фридрих Мерц да е наследник на Меркел

Германците на местото кандидат од конзервативно Христијанско-демократската унија (CDU) за канцелар посакуваат да е Фридрих Мерц, покажа испитувањето на јавното мислење.

Според анкетите на YouGov, спроведени за германската новинска агенција ДПА, 13 отсто од испитаниците посакуваат овој долгогодишен политичар да биде на местото на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел.

После Мерц, според популарноста следи лидерот на Христијанско-социјалната унија (CSU) Маркус Соедер со осум отсто поддршка, а потоа следи политичката избраничка на Меркер, претседателката на CDU, Анагрет Крамп-Каранбауер со 5,2 отсто поддршка.

Потоа следи премиерот на Северна Рајна Вестфалија Армин Лашет со пет отсто поддршка и сојузниот министер за здравство Јенс Спахн со 4,7 отсто поддршка.

Голем број од анкетираните, нив 59 отсто, изјавиле дека не би избрале ниту еден од споменатите за местото Канцелар, или пак одбиле воопшто да се изјаснат на анкетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот