ГЕРБ бара оставки од бугарските министри поради трагичната автобуска несреќа

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

ГЕРБ инсистира на транспарентна истрага за инцидентот на автопатот Струма и претседателот Радев да побара оставки од надлежните министри.  Ова на прес-конференција од името на партијата го соопштија Десислава Атанасова и Александар Иванов. Тие смеаат дека треба да се прогласи ден на жалост во Бугарија и Република Северна Македонија.

Атанасова и Иванов изразија сочувство до сите роднини на загинатите и надеж за брзо закрепнување на преживеаните. Сочувство беше упатено и до роднините на настраданите во пожарот во домот за стари лица во село Ројак и до семејствата на жртвите од ковид – 19 во последните 24 часа во Бугарија/

Атанасова смета дека претседателот Румен Радев треба да побара оставки од одговорните министри – за транспорт, регионален развој и внатрешни работи, јави БТА.

-На овој ужасен ден, сметаме дека сите обиди за политички инсинуации и сугестии дека причината за несреќата на автопатот Струма е на патната траса и банкината што ги посочија градоначалникот на Перник и привремените министри, се длабоко погрешни, рече таа. Атанасова апелираше до сите политичари да сфатат дека изборите завршија и предлозите нема да ги вратат изгубените животи.

Мора да се гарантира транспарентна истрага, да се понесе одговорност, време е за понизност, категорична е Атанасова.

Александар Иванов потсети на факти според кои предметната делница од автопатот Струма е проектирана и изградена во периодот од 2002 до 2004 година, според барањата од тоа време, а министер за регионален развој бил Асен Гагаузов од БСП. Нормите беа ажурирани пред две години, т.е. делницата е проектирана и изградена во советски тип, а сега автопатот не би се градел на овој начин, рече Иванов.

-Наместо да се занимава со изборите на Радев, сегашното раководство на министерството и агенциите требаше да ги подготват патиштата за зимската сезона – заштитните огради на „Тракија“, „Хемус“ и „Струма“ се во лоша состојба, паркинзите на „ Струма“ се затворени пет месеци поради неможност да се исчистат, објасни претставникот на ГЕРБ. Тој ја праша министерката за регионален развој Виолета Комитова зошто не се исполнети упатствата на претходното раководство на министерството во врсла со обележувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот