Георг Стојановски/Screenshot

Георг Стојановски блесна со хет-трик за опстанок на Спартак

Македонскиот фудбалер Георг Стојановски имаше блескав финиш на сезоната во бугарскиот шампионат и со хет-трик му обезбеди опстанок на Спартак Варна. Во последното коло од првенството, тимот од Варна славеше убедлива победа од 3-0 против Локомотив Софија, а сите три погодоци беа дело на 22-годишниот македонски напаѓач.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Тетекс, Хата, Работнички и Шкупи првиот гол го постигна уште во осмата минута, вториот следуваше во 30., додека конечните 3-0 ги постави во 62. минута од средбата.

Тренерот Ѓоко Хаџиевски го повлече од игра пред крајот на натпреварот, а Стојановски беше испратен со аплаузи од домашните навивачи по одличното издание.

Со трите погодоци во последното коло, Стојановски ја заврши сезоната како најдобар стрелец на Спартак со вкупно осум гола, на кои додаде и три асистенции. Воедно, македонскиот интернационалец одигра клучна улога во борбата за опстанок, бидејќи неговиот тим го искористи киксот на Септември Софија и со бод повеќе го освои 12. место на табелата, избегнувајќи и бараж за опстанок.

Преговорите се во завршна фаза, Брегалница наскоро добива нов сопственик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот