Генијален начин за да ја тргнете горчината од краставицата: Трик кој постојано ќе го користите! (ВИДЕО)

Фото Архива

Доколку имате купено краставица која горчи или променила вкус поради долго стоење во фрижидфер, не грижете се! Постои трик кој за само неколку минути повторно ќе ја врати богатата арома на овој зеленчук.

Една домаќинка од Тик-Ток платформата откри вирален трик со чија помош се враќа свежината на краставицата и се трга горчливиот вкус.

Се што треба да направите е да ја пресечете краставицата на два дела, а потоа со кружни потези тријте ги исечените делови како што е прикажано на клипот.

Тогаш на површината ќе се појави бела супстанца, која треба да ја отстраните кога ќе завршите со постапката.

https://www.tiktok.com/music/original-sound-6824267909007772421

Вака краставицата ќе има посвеж вкус и ќе горчи помалку од претходно.

Видеото собра повеќе од 111 илјади лакови и илјадници коментари. Иако можеби помисливте дека ова е само некаков вирален трик, оваа техника има и свое научно објаснување.

Во краставицата се наоѓа кукурбитацин, материја која има благотворни дејства за организмот, но истовремено е и одговорна за горчливиот вкус на краставицата.

Доколку ја тргнете таа материја од краставицата со помош на оваа техника, зеленчукот ќе има поубав вкус. Всушнот, кукурбитацинот е поврзан со дијареата и повраќањето, така што сигурно ќе ја избегнете појавата на овие непријатности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот