Газета Eкспрес: Поранешен војник на „ОВК“ уапсен во Македонија

Газета Експрес

Поранешниот припадник на „ОВК“ во областа Дукаѓини, Томор Морина, е уапсен во Македонија, објави косовскиот весник „Газета експрес”.

Според истиот медиум, Морина бил уапсен пред неколку часа од страна на македонската полиција, а за кратко време тој се очекува да биде ослободен.

За поранешниот војник на „ОВК“, Томор Морина, Србија има издадено потерница. „Експрес” дознава дека Морина бил притворен од македонската полиција, која дејствувала врз основа на српската потерница издадена против него.

Според извори на весникот, Морина по информативен разговор се очекува да биде пуштен на слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот