Џенаро Гатузо/FIGC

Гатузо може брзо да се врати на работа и тоа во клуб од Серија А

Џенаро Гатузо би можел многу брзо да се врати во клупскиот фудбал по разделбата со репрезентацијата на Италија, а според италијанските медиуми, најсериозен кандидат за негов ангажман е Торино.

Клубот од Торино, наводно, веќе подготвил конкретна понуда за поранешниот италијански селектор. Станува збор за договор до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена и на дополнителна сезона.

Во финансискиот пакет е предвидена плата од 1,5 милиони евра годишно, како и бонуси поврзани со резултатите на тимот. Интересно е што Гатузо идентична сума заработуваше и додека беше тренер на Хајдук Сплит, додека на селекторската функција имаше нешто повисоки примања.

Според најавите од Апенините, искусниот стратег наскоро треба да ја донесе конечната одлука, а доколку ја прифати понудата, ќе го преземе Торино веднаш по крајот на актуелната сезона.

Хаос во Реал Мадрид: Валверде се степал со Чуамени и завршил во болница

Баерн со право не добил пенал по играта со рака на Невеш, велат правилата на ИФАБ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот