Гаши: Веднаш да се гласа за уставни измени, ако нема мнозинство, да се распушти Собранието

Гаши, Меџити и Касами пред Собрание / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Претседателот на Собранието Талат Џафери да не одложува и веднаш да го стави на гласање предлогот за пристапување кон уставните измени, а ако нема двотретинско мнозинство, парламентот да се рапушти и да одиме на предвремени избори, со цел идниот парламентарен состав да ја продолжи интеграцијата кон ЕУ, повика претседателот на Алтернатива Африм Гаши на прес-конференција на која присуствуваа и претседателите на Движење Беса Билал Касами и на Демократско движење Изет Меџити. Тој побара во рамките на овие уставни измени да се направи пакет и со нивните барања во Уставот за внес на албанскиот јазик, но не прецизираше дали ќе инсиситираат на тоа или ќе ги подддржат уставните измени за внес на Бугарите и без реализацијата на нивното барање.

Ако немаат мнозинство за уставни измени, а не изгласаат предвремени избори во име на побрза евроинтеграција, тогаш власта ќе покаже дека се грижи само за да остане што подолго власт, подвлече Гаши.

– Бараме од преседателот на Собранието итно да ја стави на гласање потребата од промена на Уставот со цел да ја поминеме што побрзо првата фаза од уставните измени и да влеземе во суштинскиот процес на тие измени. Повикуваме да не се крие зад неоснованите оправдувања и да ги стави амандманите за измена на навредливиот именување „20 отсто“ за алабанскиот јазик, како и против застареност на случаите со политичка корупција. Меѓуетничката кохезија и борбата против корупцијата се европски вредности и принципи, исто како и обврската за добрососедски односи, ако не и повеќе – рече Гаши.

Тој ги повика сите пратеници без разлика на нивната партиска, етничка и идеолошка припадност на утрешната седница итно, без дискусија и без олагање да гласаат за потребата од промена на Уставот.

– Ако на краток рок не се обезбеди мнозинството за првата фаза од уставните измени ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите со ЕУ. Ако е ова така, не треба да губиме ни час повеќе, и ако нема мнозинство за првата фаза, повикуваме да се гласа за рапуштање на парламентот и распишувањње на парламентарни избори, за да се бара друг пармаментарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркување на интегративните процеси кон ЕУ. Ние сме тука да го поддржиме процесот и да водиме битка против сите оние кои го попречуваат овој пат, било со одлагање, како што тоа го прави власта, било со одбивање како што прават некои опозициски артии – повика Гаши.

На прашање што ако власта не изгласа распуштање, Гаши потенцира деја тоа не е во согласност сп европската определба на власта.

– Нели мнозинството е тоа што се повикува на Европа, дека им е битно што побргу да се почнат преговорите. Еве, да одиме на избори, ќе има нов парламентарен состав и ќе ги почеме преговорите. Ако премиерот не дозволува, тоа значи дека ним им треба Владата, а не им требаат уставните измени. Да покажеме кој за што е. Ние сме за итно да го почнеме процесот за уставни измени, со цел преговоери со ЕУ, а власта е за еден час или ден повеќе да останат во Владата. За нив е важна власта, ништо друго, ни граѓаните, ни европската преспектива – рече лидерот на Алтернатива.

Тој најави соработка со Беса и Демократско движење и можност шестмината пратеници на овие три опозициски партии да формираат пратеничка група во Собранието.

– Разговараме за сите постапки за окрупнување и наша идна соработка. Една од опциите е параментарна група. Работа на време е кога ние ќе одлучиме кои чекори први ќе ги направиме. Важно е дека се прошируваме, сакаме да настапиме заедно на изборите, по кои ќе има промени во албанскиот политички блок – рече Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот