Фото: Фејсбук / Африм Гаши

„Гаши го виде Трамп“: Спикерот објави фотографија од Молитвениот појадок во Вашингтон

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на годишниот Национален молитвен појадок во Вашингтон, традиционален настан на кој претседателот на САД ги собира политичките, верските и бизнис-претставниците.

„На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, додека учеството на претседателот на Собранието во овој момент беше можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка“, се вели во соопштението од Собранието.

Гаши на „Фејсбук“ објави и фотографија од него заедно со други учесници на настанот, меѓу кои и поранешниот црногорски премиер Дритан Абазовиќ, како и уште една, значително зумирана, од Трамп како држи говор. Во македонската делегација во Вашингтон се и потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и претставниците на Владата – министрите Стефан Андоновски и Златко Перински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Доналд Трамп држи говор на Молитвениот појадок / Фото: Африм Гаши / Фејсбук

Трамп, кому една од главните точки на кампањата му беше тоа дека „не започнал ниту една војна“, а спречил неколку, во говорот ја фалеше моќта на американската војска во неговиот втор мандат и ја спомена интервенцијата во Венецуела и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, како и нападите врз нуклеарните постројки на Иран.

„Пред две години, никој не сакаше да оди во војска. Ви се смееја и ви велеа дека не ја почитуваат нашата земја. Не го почитуваа нашиот претседател. Не го сфаќаа сериозно. Не ја сфаќаа нашата земја сериозно“, рече Трамп.

Трамп: Ќе одам во рајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот