Галуп: Партијата „Промената продолжува“ освои 25,7 отсто, а ГЕРБ-УДФ – 23,5 проценти на изборите во Бугарија

Во Бугарија во ист ден се одржаа претседателски и парламентарни избори / 14 ноември 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

„Промената продолжува“ на Кирил Петков и Асен Василев, кои беа министри во преодната влада на Бугарија, освои најмногу гласови на денеска одржаните парламентарни избори со 25,7 отсто од гласови, покажуваат податоците од излезната анкета на Галуп интернешнл Балкан во 19 часот.

Според резултатите на второ место по освоените гласови ГЕРБ-УДФ со 23,5 проценти, а на трето е БСП – 14,5 отсто.

Во новото 47. Народно собрание на Бугарија се и МРФ со 10,2 проценти од гласовите, Има таков народ на Слави Трифонов со осум отсто, Демократска Бугарија со 6,9 проценти.

Скоро четири отсто на граница за влез во новиот бугарски Парламент е популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов освои 4,2 отсто од гласовите. Според овие податоци, коалицијата на Маја Манолова ИБГНИ останува надвор од Народното собрание со 2,2 отсто, а ВМРО на Карасимир Каракачанов има 1,2 проценти.

Излезноста, според Галуп, е 35,5 отсто, а 1,8 отсто од граѓаните ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот