Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО | „Нема слобода без слободни жени“ – осмомартовски протестен марш во Скопје

Под мотото „Нема да нè снема“, голем број граѓанки и граѓани денеска одржаа протестен марш низ центарот на Скопје, на кој побараа државата да најде начин да го запре растечкото насилство врз жените во Македонија. Маршот започна точно напладне од паркот „Жена борец“, од каде учесниците се упатија кон Градски парк и бистата на Вера Јоциќ.

Учесниците порачаа дека честитките по повод 8 Март не се доволни доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација на жените во општеството.

Кога пристигнаа пред Владата, учесниците во протестот ги изненадија прскалките за полевање на зеленилото и тревникот, кои наеднаш проработеа.

Атмосферата на протестот ја забележа фоторепортерот на „Слободен печат“, Методи Здравев.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Пред постаментот и украдената бистата на народната хероина Вера Јоциќ во Градскиот парк, говорниците побараа заштита на спомениците на жени од нашето минато.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО+ВИДЕО: „Нема да нè снема“ – голем број граѓанки и граѓани на осмомартовскиот протест против насилството врз жените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот