Изглед на новиот веб-сајт на галеријата „Грал“

Галеријата „Грал“ со новиот веб-сајт отвори дигитален простор создаден за публиката и уметноста

Галеријата „Грал“ извести за лансирањето на својот нов официјален веб-сајт – современа дигитална платформа креирана со цел да ѝ понуди на публиката полесен пристап до уметноста, подлабоко разбирање на уметничките дела и поблиска комуникација со галеријата и уметниците.

Новиот веб-сајт (https://gral.com.mk/) е резултат на процес на јакнење на дигиталните и комуникациските капацитети на галеријата „Грал“, реализиран во рамки на проектот „Поддршка за обука на работното место и градење на капацитетите на организациите и професионалците во областа на културата и уметноста“.

Проектот е поддржан преку програмата „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, а се имплементира од „Хартефакт Фонд“. Активностите се спроведуваа во периодот од 17 ноември до 16 декември 2025 година во Скопје.

Во фокусот на дигиталната трансформација беше токму публиката – нејзините навики, интереси и потреби. Преку ангажман на ИТ експерт и креатор на содржини, галеријата „Грал“ го модернизираше начинот на презентација на уметничките дела, воведе автоматизиран дигитален инвентар и разви функционална е-трговија базирана на едукативен „storytelling“, овозможувајќи им на посетителите да ја доживеат уметноста и надвор од физичкиот галериски простор.

Новиот веб-сајт им овозможува на посетителите подобро да се информираат, да ги следат програмите и уметниците на галеријата, како и директно да комуницираат и да поддржат современа уметност.

Оваа дигитална платформа е посветена на публиката на галеријата „Грал“, создавајќи отворен, достапен и динамичен простор за дијалог, учење и уживање во уметноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот